Манчестер Јунајтед според информациите на медиумите како полека да се откажува од шпанскиот голман.
На крајот од сезоната не очекува голема чистка во Манчестер Јунајтед. Оле Гунар Солскјер ќе има одврзани раце да го реконструира тимот, а ќе започне од играчите на кои им истекува договорот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според моменталната ситуација на крајот на сезоната истекуваат договорите на Де Геа, Ерера, Мата, Дармијан и Валенсија. Меѓутоа Јунајтед има опција договорот на Де Геа автоматски да го продолжи за уште една година. Тоа „црвените ѓаволи“ ќе го направат, но не е сигурно дека Шпанецот ќе брани на „Олд Трафорд и наредната сезона“.
Секако, дека клазулата на Шпанецот ќе биде активирана за да не го изгубат за „џабе“ бидејќи во овој момент веројатно е највредниот голман на светот. Но веднаш потоа започнуваат проблемите. Да се ризикува со Де Геа или да го задржат уште една година со можност да го изгубат без ниту еден добиен цент или да добијат некаква оштета.
Во слична ситуација беше Челзи со Куртоа и на крајот Белгиецот заврши во Реал Мадрид за сума од 35 милиони евра.
Идеално сценарио за Јунајтед би било да го убеди Де Геа да потпише нов договор, но засега такви најави нема. Шпанецот бара огромна сума за да стави потпис на нов договор. На Островот се шпекулира дека бара 20 милион и евра годишно (во овој момент добива 11 милиони евра годишно).
Истовремено ПСЖ му го нуди она што го бара во Манчестер. „Светците“ се спремни да му дадат 20 милиони евра по сезона.
Тука се поставува прашањето колкава оштета би можел да добие Манчестер Јунајтед. Се претпоставува дека ПСЖ би требало да плати барем 60 милиони евра што е огромна сума за играч на кој му истекува договорот, но вреди кога е во прашање некој како Де Геа.
Во таборот на Јунајтед стравуваат од такво сценарио, но и полека се припремаат за истото. Како замена за Шпанецот се споменуваат две опции. Едната Џордан Пикфорд од Евертон од кој „карамелите“ тешко ќе се откажат и според информациите раководството на Јунајтед би требало да плати најмалку 70 милиони евра.
Втората опција е поскапа, но веројатно и подобра – Јан Облак од Атлетико. Иако неодамна го продолжи договорот до 2024 година, инсистираше клазулата во неговиот договор да остане 1000 милиони евра. Баш поради вакви ситуации. Јунајтед е еден клубовите кои можат да ги платат тие 100 милиони евра.
Останува да го почекаме летниот преоден рок и да видиме што ќе се случува.