Дома Фудбал Англија Како Фергусон го извадил цел тим од автобус за да дели авограми

Како Фергусон го извадил цел тим од автобус за да дели авограми

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра откри интересна анегдота со легендарниот тренер, Сер Алекс Фергусон.

Фергусон многу се налутил кога играчите се качиле во клупскиот автобус без да се поздрават со насобраните фанови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Искрено кажано бевме многу изморени и веднаш се качивме во автобусот, а пред него имаше редица од фанови. Никој не застана и сите се влеговме во автобусот. Погледнав од прозорецот и видов како Фергусон дели автограми на фановите. Им даде автограм на сите, се потпипуваше цели 45 минути. Тогаш си реков, кога ќе се качи во автобус готови сме“, раскажува Евра.

„Кога влезе во автобусот почна да вика: Што се замислувате вие? Овие луѓе ви ја плаќаат вашата плата. Тие доаѓаат да ве гледаат вас. Сега слегувајте и да им дадете автограм на сите“, откри Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Саутгејт: Англија остана без еден голман за Европското првенство

Голманот на Кристал Палас, Сем Џонстон нема да може да конкурира за репрезентацијата на Ан…