Манчестер Јунајтед нема добри резултати навивачите бараат смена на клупата, но Тен Хаг се уште е тренер на „црвените ѓаволи“, но раководството и понатаму верува во него.
Посебно е лоша статистиката на „црвените ѓаволи“ во европските натпревари. Вчера избраниците на Тен Хаг ремизираа против Твенте (1:1) во првото коло од Лигата на Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, навивачите се посебно загрижени поради тоа што тимот има само една победа во европските натпреварувања на последните девет натпревари. Единствената победа во Европа, Јунајтед ја забележа минатата сезона против Копенхаген.
Лошата серија за Јунајтед започна против Севиља во 2023 година кога во четвртфиналето прво одиграа реми 2:2, а потоа беа поразени со 0:3.
Во тие девет натпревари, Јунајтед има една победа, три нерешени натпревари и пет порази.