Дома Фудбал Репрезентации Како синот на Меси го провоцира својот татко? Јас доаѓам од – Ливерпул (ВИДЕО)

Како синот на Меси го провоцира својот татко? Јас доаѓам од – Ливерпул (ВИДЕО)

Линоел Меси во изјава за аргентинските медиуми призна дека крајот на сезоната во Барселона му паднал навистина тешко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците ја освоија титулата шампион на Шпанија, но доживеаа тежок пораз од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите, а го изгубија и финалето во шпанскиот куп од Валенсија.

Меси призна дека крајот на сезоната тешко му паднал, но сега сака максимално да се фокусира на Копа Америка и настапот во дресот на селекцијата на Аргентина.

На Меси не му било лесно ниту дома после натпреварите против Ливерпул и Валенсија, го провоцирал и неговиот син Матео.

„Со Матео секогаш играм фудбал и некогаш сака да ме провоцира со неверојатни изјави. Пред некој ден игравме дома и од никаде ми кажа: Јас сум навивач на Ливерпул кој те победи, доаѓам од Ливерпул. Тоа го правеше и за Валенсија после поразот во финалето, другиот ден ми кажа дека од сега навива за нив. Неверојатен е некогаш ги слави и головите на Реал Мадрид за да го изнервира постариот брат Тиаго“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо блесна, Португалија ,,пукна петарда”! (Видео)

Португалија убедливо одговори на критиките по ремито со ДР Конго и со високи 5-0 го совлад…