Дома Фудбал Останато Како Раиола го мотивирал Ибра да не се пензионира: Прелесно е да завршиш во САД…

Како Раиола го мотивирал Ибра да не се пензионира: Прелесно е да завршиш во САД…

Иако има 39 години Златан Ибрахимовиќ и понатаму игра феноменално. Со десет гола Ибра во овој момент е најдобар стрелец во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ во јануари се врати во Европа, а минатата година во ова време размислувал за пензионирање, но Раиола го убедил дека е рано за такво нешто.

„Сакав да почнам ново поглавје во мојот живот. Да бидам со семејството секој ден и да си играм со децата. Потоа дојде Мино Раиола…“, раскажува Ибрахимовиќ.

Контроверзниот менаџер кој е со Ибра во текот на целата негова кариера со неколку зборови го убедил да ја промени одлуката.

„Треба да завршиш во Европа. Треба да покажеш дека се уште си на високо ниво. Одработи само шест месеци за Милан па потоа пензионирај се. Прелесно е да се простиш во САД…“, му кажал Раиола на Ибра.

За среќа тие зборови го мотивирале Златан па и денес имаме прилика да уживаме во неговите мајстории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Комо се обидува да му украде засилување на Интер

Комо испрати официјална понуда за израелскиот репрезентативец Анан Халаили од Ројал Унион …