Младиот хрватски фудбалер, Ален Халиловиќ најверојатно кариерата ќе ја продолжи во третата италијанска лига и ќе го облече дресот на Арецо.
Арецо неодамна го ангажираше и Алесио Черчи, па сега сака да донесе уште една ѕвезда во Серија Ц. Халиловиќ ова лето го раскина договорот со Милан и сега е слободен агент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хрватот за „росонерите“ одигра само 60 минути, а минатата сезона ја помина на позајмица во Херенверн.
Халиловиќ важеше за најголем хрватски талент и пред шест години се пресели во Барселона за 5 милиони евра.
Не се снајде во Каталонија, па беше испраќан на позајмица, а пред три години се пресели во Милан, каде исто така се покажа како промашување.
Сега е без клуб и спас на кариерата ќе бара во Серија Ц.