Дома Трансфер зона Како им успеа!? Галатасарај за помалку од три милиони доведе 12 играчи и тоа некои добро познати имиња!

Како им успеа!? Галатасарај за помалку од три милиони доведе 12 играчи и тоа некои добро познати имиња!

Еден од најдобрите преодни рокови, барем по доведените имиња го одработи турскиот гигант Галатасарај.

Потрошија само 2.4 милиони евра , а успеаа да додведат 12 играчи и на нивната листа има некои и тоа како познати имиња. Најзвучното име секако е Радамел Фалкао од Монако кој пристигна бесплатно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако има 33 години и понатаму може да игра фудбал на високо ниво. Во Инстанбул Колумбиецот беше дочекан како вистинска ѕвезда од страна на 25.000 навивачи.

Без оштета во Галатасарај пристигнаа уште: Рајан Бабел, Окан Кучук, Џими Дурмаз, Тјлан Антајали, Сенер Озбајракли и Адем Бујук.

На бесплатна позајмица пристигна и светскиот шампион со Франција Стивен Нзози. Жан Мишел Сери дојде од Фулам на позајмица за 1.5 милион евра, за позајмицата на Марио Лемина турскиот гигант ќе плати еден милион евра.

Од Премиер лигата го доведоа на позајмица и Флориан Андон од Брајтон. За тој напаѓач на Брајтон му платија 700.000 евра за позајмица. Емре Мур од Селта го позајмија за 600.00 евра. На крајот направија само два комплетни трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се засилува со плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран и започнал преговори со Реал Мадрид за плејмејкерот Дани Себаљ…