Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Како играат Русите најдобро покажува споредбата со шампионската Шпанија од 2010 година!

Како играат Русите најдобро покажува споредбата со шампионската Шпанија од 2010 година!

rusija

Колку добро играат Русите на отворањето на Мундијалот говори и податокот дека на два натпревари постигнаа ист број на голови колку што на Шпанија и беа потребни за да освои титулата во 2010 година во Јужна Африка.

Русите имаат старт од соништата на Мундијалот на кои се домаќини. На отварањето прво славеа против Саудиска Арабија со 5:0, додека против Египет стигнаа до победа од 3:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Можеби тоа и не би бил кој знае каков податок доколку Шпанија со 8 постигнати погодоци не станеше шампион на светот во 2010 година!

Шпанците во 2010 година во групната фаза постигнаа четири погодоци и во нокаут фазата до крајот на турнирот уште 4.

Секако добро е што Русите имаат расположени напаѓачи како што се Черишев и Џуба. Черишев се изедначи на врвот на листата стрелци на Мундијалот со Кристиано Роналдо, во овој момент имаат постигнати по три погодоци, а Џуба постигна два.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…