Дома Трансфер зона Како Де Лихт заврши во Јувентус: Контактот бил направен пред една година, а се можело да пропадне во една вечер

Како Де Лихт заврши во Јувентус: Контактот бил направен пред една година, а се можело да пропадне во една вечер

Вчера конечно беше ставен крај на една голема сапуница, Матијас Де Лихт пристигна во Торино каде што утрово ги помина и медицинските прегледи.

Холанѓанецот ќе потпише договор и ќе заработува најмалку 7.5 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ пренесува детали за приказна која претходела на еден од најголемите трансфери ова лето. Имено, Јувентус првите чекори кон Де Лихт ги направил уште пред една години кога Партичи и Недвед го повикале младиот стопер на состанок после натпреварот помеѓу Италија и Холандија.

Интезивните контакти се воспоставиле на почетокот на јуни, а се до пред неколку недели Јувентус гледал како пропаѓа нивниот обид да го доведат Де Лихт.

ПСЖ се договорил со играчот и се било одиграно во една вечер во која тогашниот спортски директор на ПСЖ Ентеро Енрике со Раиола постигнал договор. Меѓутоа отказот променил се.

Кога требало да се премине на завршната фаза во ПСЖ го отпуштиле Енрике и го доведоа Леонардо на негово место. Раиола после таквата несериозност не сакал да преговара, а Партичи препознал прилика да се врати во пол-позиција и на сметка на добрите односи со Раиола повторно остварил контакт со Холанѓанецот.

До договор дошло бидејќи Јувентус понудил повеќе пари, но и затоа што во договорот на Де Лихт е вметната откупна клазула од 150 милиони евра. Сепак, таа клазула ќе важи после три години и ќе се зголемува во секоја наредна од кога ќе започне да важи.

На крајот преостанал договорот со Ајакс со кој Јувентус се договори за сума од 65 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…