Дома Фудбал Англија Како Гвардиола дошол кај Венгер дома да бара трансфер во Арсенал

Како Гвардиола дошол кај Венгер дома да бара трансфер во Арсенал

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер се уште е интересен соговорник кога се приказните од англискиот фудбал во прашање. Во интервјуто кое го даде за „Тајмс“ откри некои интересни детали од долгогодишната кариера на Островот.

Венгер сега откри интересна приказна со сегашниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола од играчките денови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Кога Гвардиола беше играч дојде кај мене дома и ме праша да игра за Арсенал, морав да го одбијам затоа што во тој момент ги имавме Патрик Виера и Жилберто Силва“, откри Французинот.

Арсен Венгер го водеше Арсенал од 1996 до 2018 година и за тоа време освои три шампионски титули, а во 2004 онаа најславната без пораз. Сега работи во ФИФА како шеф за глобалниот развој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…