Лондонски Тотенхем кој е минатогодишен финалист во Лигата на шампионите и потенцијален противник на Шкендија во третото квалификациско коло за новата сезона во Лигата на Европа по репрезентативната пауза го чека неверојатно згуснат распоред.
Светското здружение на фудбалери (ФИФПро) испрати многу апели до организаторите на натпреварувањата да се внимава со распоредот на натпревари, меѓутоа тоа не помогна многу, посебно не во случајот на Тотенхем. Тимот на Мурињо за само 18 дена ќе одигра дури осум натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед дека Тотенхем рано започнува со европските квалификации тие ќе се поклопат со стартот на сезоната во Премиер лигата, тука потоа е Лига Купот на Англија, па третото квалификациско коло и можното гостување во Скопје.
Ваквиот распоред на Тотенхем ќе започне со гостувањето во Бугарија кај Локомотив Пловдив, а ќе заврши на 3 октомври на гости кај Манчестер Јунајтед.