Доволни се само пет недели да побегнеш од Арсенал и животот да ти се смени целосно. Прашајте го Матија Дебуши…
Долгогодишниот дефанзивец на Арсенал кај Венгер речиси исчезна од фудбалската мапа, а потоа премина во Сент Етјен и оживеа. За само пет недели потполно ја рехабилитираше кариерата во новиот клуб. Додека неговиот некогашен клуб преживува трауматични денови, Дебуши ужива во Сент Етјен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако дојде во Сент Етјен стана стандарден во одбраната заедно со уште еден играч кој ја оживеа својата кариера. Сент Етјен со нив во тимот не изгуби ниту еден од пет натпревари. Покрај тоа, Дебуши постигна погодок во дерби мечот, а потоа и изедначувачкиот погодок во 90. минута во лутото дерби против Лион со што постигна миленик на навивачите. Толку му тргна се добро, што повторно е во најблискиот круг кандидати за репрезентацијата на Франција.
А до пред еден месец, не знаеше ниту каде, ниту што да прави. Иако во Арсенал пристигна во 2014. година дојде како француски репрезентативец и големо засилување од Њукасл, и го направи најлошиот потег во кариерата. Само во првата сезона одигра на десеттина натпревари, а веќе во втората беше постојано на клупата, па на полусезона беше позајмен во Бордо. Но, за среќа Венгер потпилно го маргинализираше и во финишот на зимскиот преоден рок му даде одрешени раце да замине без обештетување.