Дома Трансфер зона Каков пресврт: Анчелоти ја краде најголемата желба на Мурињо?

Каков пресврт: Анчелоти ја краде најголемата желба на Мурињо?

Иако веќе со месеци се пишува дека Манчестер Јунајтед води во оваа трка, сега во истата се вклучија и Баварците, а кога ќе се случи тоа, сите знаеме како генерално завршуваат таквите ситуации.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Чисто за пример, Ренато Санчез минатата година со месеци веќе беше гледан во дресот на Јунајтед, а тогаш Баерн како гром од ведро небо го реализираше и финишираше неговиот трансфер.

Според најновите информации, Карло Анчелоти го пикирал Гризман како приоритетна мета, што не е чудно бидејќи му треба друг напаѓач кој ќе игра зад Роберт Левандовски.

Томас Милер не е на свое ниво оваа сезона, а Тијаго Алкантар неретко ја игра таа „десетка“ во формацијата 4-2-3-1, што не е негова природна позиција.

Ако Анчелоти намирисал дека Гризман е идеално решение за него, знаеме како ќе реагира Баерн, особено ако Италијанецот до крајот на сезоната им донесе и некој трофеј и ја оправда довербата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…