Дома Фудбал Каков гест: Играчот на Сити ја купи донираната опрема на починатиот боксер и ја врати на неговиот татко!

Каков гест: Играчот на Сити ја купи донираната опрема на починатиот боксер и ја врати на неговиот татко!

Емерик Лапорт ја покажа својата хумана страна откако ја купи опремата на трагично настраданиот француски боксер, Алексис Вастин.

Таткото на Вастин опремата на неговиот син ја донираше за да собере што е можно повеќе пари за здравствени работници во борба со коронавирусот.

Фудбалерот на Манчестер Сити за 5.000 евра го купи дресот со кој Вастин се бореше на Олимписките игри во Лондон во 2012 година и веднаш го врати неговиот татко.

Поранешниот француски боксер на ОЛ во Пекинг во 2008 година го освои бронзениот медал, а животот го загуби во хеликоптерска несреќа во Аргентина и тоа на 28 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кочоски заминува од Охрид: спор за примањата пред гостувањето во Кочани

Валентин Кочоски и Охрид се разделија со спротивставени објаснувања: фудбалерот посочува н…