Почеток на август, што значи дека крајот на преодниот рок е се поблиску и клубовите набрзина почнуваат да ги комплетираат трансферите кои долго време ги планираа.
ПСЖ е меѓу најактивните клубови во последните денови, а според пишувањата на странските медиуми парижаните синоќа комплетирале нов голем трансфер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Откако успеаја да го доведат Усман Дембеле за скромни 50 милиони евра, овој пат париските принцови тропнаа на вратата на Бенфика.
Ново лице на Паркот на принцовите ќе биде Гонкало Рамос, одличниот напаѓач на Бенфика кој со бонуси ќе пристигне во француската престолнина за 90 милиони евра.
Доведувањето на Дембеле и Рамос значи само едно, а тоа е заминувањето на Килијан Мбапе, кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Се чини дека во текот на ноќта конечно заврши сагата поврзана со трансферот на Јошко Гвардиол во Манчестер Сити и прашање е кога Хрватот ќе биде официјализиран како нов член на Граѓаните.
Германскиот Билд пренесува дека одличниот стопер ќе го засили новиот шампион на Европа за цифра од 90 милиони евра.
И Манчестер Јунајтед не седеше со скрстени раце.
„Црвените ѓаволи“ се на чекор до засилување во нападот. Нов напаѓач на Олд Трафорд ќе биде Расмус Хојлунд.
Јунајтед за Данецот, со бонуси, ќе плати повеќе од 90 милиони евра, што без конкуренција е најголемиот излезен трансфер во историјата на Аталанта.
Инаку, според најавите од Островот, клубот од Олд Трафорд ќе направи уште едно купување на Апенините, бидејќи на тимот ќе му се приклучи и Амрабат од Фиорентина.