Дома Фудбал Каземиро потпиша нов договор со Реал Мадрид

Каземиро потпиша нов договор со Реал Мадрид

Играчот за врска на Реал Мадрид, Каземиро ставил потпис на нов договор со „кралевите“ до 2023 година, пренесува „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот откри дека договорот е потпишан уште пред неколку месеци, но „кралевите“ решиле да не ја објавуваат веста јавно.

Каземиро дојде во Реал во 2013 година и долго чекаше на своето деби за Реал, а откако доби шанса стана клучен играч во тимот на Зидан.

Бразилецот формира одличен среден ред заедно со Модриќ и Крос кој освои три титули во Лигата на шампиони.

28-годишноиот играч за врска е мета на многу европски гиганти, но тој останува верен на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Наполи решиле да се разделат со Милинковиќ-Савиќ

Наполи се подготвува да се раздели со Вања Милинковиќ-Савиќ само една година по потпишувањ…