Дома Фудбал Каземиро: Да бидам искрен, не играме добро!

Каземиро: Да бидам искрен, не играме добро!

Реал Мадрид синоќа ја прекина серијата од пет последователни натпревари без победа, откако славеше над Викторија Плзаен во ЛШ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Играчот за врска Казимиро после мечот призна дека тимот не игра добро и дека мора многу да се подобрува.

„Треба да бидеме искрени, не играме добро. Во лоша серија сме, но веруваме во тимот и тренерот. Потребно е да работиме и сигурно ќе го промениме тоа“, истакна Бразилецот.

„Овој резултат ни дава доверба. Знаеме дека не се наоѓаме во добар период, но освоивме три бода и веќе размислуваме за Барселона. Реал Мадрид секогаш мора да мисли за победа, без разлика против кого играме“, заклучи Каземиро.

https://youtu.be/dZDK4QmN6mA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде: Никој од соиграчите не ме удри. Случајно удрив во маса

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, излезе со соопштение во кое ја објаснува сит…