Сандро Тонали од поодамна во Италија го носи прекарот „новиот Пирло“, многу се шпекулира за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.
Првиот човек на Бреша неодамна изјави дека ќе го остави Тонали сам да го избере клубот во кој сака да ја продолжи кариерата откако ќе пристигнат понудата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се очекува Тонали да остане во Италија, а битка за неговиот потпис водат Интер и Јувентус.
Двата клуба се заинтересирани за талентираниот играч за врска, но прашање е каде Тонали сака да продолжи.
„Скај Спорт“ тврди дека го знае одговорот на тоа прашање. Наводно, Тонали преферира трансфер во Интер и се одлучил да премине на „Џузепе Меаца“. Сепак се напоменува дека Тонали не постигнал конечен договор со Интер.
Значи, Интер има предност меѓутоа се верува дека „нероаѕурите“ нема да брзаат околу договорот со Бреша и ќе се обидат да ја намалат неговата цена која сега изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.