Италијанската репрезентација до 19 години во 2003 година играше финале на Европското првенство и ја совлада Португалија со головите на Џампаоло Пацини и Луиџи Дела Рока…
За првиот стрелец сигурно сте слушнале, настапуваше за Интер и Милан, солидно, но не премногу, а вториот? Веројатно не ни знаете кој е. Тој денес има 33 години и е слободен играч, последниот договор го имаше со Лече, минатата година веројатно го одигра последниот натпревар во својата сиромашна кариера, иако официјално не објавил пензионирање.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таков пат на кариерата имаа поголем дел од неговите соиграчи од таа генерација на „Аѕурите“.
Единствено централниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелни направи кариера каква што му предвидуваа, а останатите беа просечни (во најдобар случај), но во главно настапуваа во пониските рангови на италијанскиот фудбал.
Од останатите препознатливи имиња просечен фудбалски фан сигурно слушнал за Алберто Аквилани кој настапуваше за Милан, Јуве, Ливерпул и Рома, но не направи ништо поголемо, а денес настапува за Виљареал.
Голманот Марко Паолони најдобрите денови во кариерата ги помина во Асколи во Серија Б и повеќе не е активен, се пензионираше после вмешаноста во еден обложувачки скандал. Уште тројца негови соиграчи од оваа генерација заминаа во пензија, а од активните фудбалери на посериозно ниво играат уште, тандемот Падоин – Перицо во Каљари, Ланер – Пацини во Верона и Паладино во Џенова.
Да потенцираме, играње во Серија А во никој случај не може да се смета за лоша фудбалска кариера, но од поранешите европски шампиони сигурно се очекуваше многу повеќе.