Дома Фудбал Англија Кавани призна: Не требаше да останам во Манчестер

Кавани призна: Не требаше да останам во Манчестер

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани смета дека било грешка неговото останување во клубот и оваа сезона.

35-годишниот напаѓач смета дека не требало да остане на „Олд Трафорд“ после доаѓањето на Кристиано Роналдо минатото лето, бидејќи има мала минутажа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Кога трансферот на Роналдо стана факт, помислив дека тоа е добро за клубот. Но, познавајќи го денешниот фудбал првото нешто кое го направив му се јавив на мојот брат и му реков: „Сега нема време за трансфер, ако ова се случеше една недела порано ќе потпишев за друг клуб“. Треба секогаш добро да се разбере ситуацијата“, изјави Кавани.

Фратот на Кавани, Фернандо е и негов агент и истакна дека напаѓачот сака да остане во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Какви зборови од Нејмар за Јамал: Светот тоа уште не го видел!

Нејмар вели дека светот не видел таков талент како што е Ламин Јамал.  Бразилецот во едно …