Уругвајскиот напаѓач, Едисон Кавани е слободен агент и се уште бара клуб, а интерес за него покажува Јувентус.
Меѓутоа, „Скај Италија“ тврди дека Кавани категорично ја одбил можноста да се пресели во Јувентус, а причината е Наполи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кавани својата фудбалска афирмација ја доживеа во Наполи, таму е многу сакан од страна на фановите и смета дека ќе биде предавство кон клубот ако потпише за големиот ривал.
Фановите на Наполи беа поласкани од ваквата вест и го „бомбардираа“ Кавани со пораки на социјалните мрежи.
Медиумите изминатите денови тврдеа дека Кавани сигурно ќе ја продолжи кариерата во Бенфика, но 33-годишниот напаѓач се уште е слободен агент.
Juventus made an attempt for Cavani, but the attacker didn’t want to take it into consideration due to his past in Naples, he didn’t want to betray the Napoli fans. (@DiMarzio)
— Everything Napoli (@NapoliAndNaples) August 25, 2020