Дома Тенис И Федерер изненаден поради правилото кое му помогна: Никогаш не сум слушнал за такво нешто

И Федерер изненаден поради правилото кое му помогна: Никогаш не сум слушнал за такво нешто

Во тенискиот свет и понатаму најмногу се зборува одлуката на организаторите на Австралија Опен да го затворат кровот во финалето помеѓу Роже Федерер и Марин Чилиќ.

И во текот на турнирот голем број љубители на тенисот обвинуваа дека Федерер е фаворизиран од страна на организаторите и дека поради тоа поголемиот дел од натпреварите ги играл во вечерниот термин (да ги избегне високите температури во Мелбурн).

Федерер шест од седум натпревари одигра во вечерен термин и тоа втора година во низа.

Голема прашина во тенискиот свет крена и вчерашната одлука за затварање на кровот, правило за кое и самиот Швајцарец призна дека прв пат слуша.

„Кога стигнав во комплексот бев спремн да играм во услови без кров. Тогаш ми кажаа дека размислуваат за затварање на кровот. Бев изненаден кога слушнав дека постои правило за високи температури во вечерните термини. Никогаш претходно не сум слушнал за тоа“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Куманово собира 16 ветерански екипи, МКД Мастерс по место во завршницата

Мастерс Куп 2026 се игра на 13 и 14 ноември во Куманово. Домаќинот МКД Мастерс има три гру…