Дома Трансфер зона И тоа е можно: Ги одби Јувентус и Сити за да потпише за Лајпциг

И тоа е можно: Ги одби Јувентус и Сити за да потпише за Лајпциг

Екипата на Лајпциг ја заврши работата околу доведување на младиот фудбалер од Бразил, Луан Кандидо.

Италијанските медиуми претходните месеци пишуваа за него, наводно Јувентус испратил и официјална понуда за овој 18-годишен лев бек, но на крајот не успеаа да го доведат во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу европски гиганти го следеа Кандидо кој во Бразил го нарекувата уште и „новиот Марсело“, а меѓу клубовите кои испратија официјална понуда беше и Манчестер Сити.

Сепак, младиот Бразилец очигледно не го интересираат пари, туку сака добро да ја гради својата кариера, па ги одби споменатите гиганти и кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг. „Кикер“ пренесува дека трансферот е договорен и дека медицинските прегледи ќе бидат оваа недела, а финансиските детали не се познати, иако се смета дека трансферот ќе чини околу 10 милиони евра.

Очигледно, Германците поставиле одлични успови за фудбалерот на Палмеирас кој е стандарден член на помладата селекција на Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…