Управата на Баерн е во потрага по нов тренер откако Нико Ковач доби отказ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако хрватскиот стратег доби отказ многумина се споменуваа како негов наследни од Алегри, Тухел, до Венгер...Додека се именува нов тренер тимот го води неговиот помошник Ханс-Диетер Флик, не се исклучува можност и тој да остане до крајот на сезоната. Посебно после победата против Борусија Дортмунд од 4:0 во првенството.
Со негово останување на клупата се согласува и Роберт Левандовски.
„Верувам дека Флик е вистинскиот човек. Треба да добие шанса, барем до крајот на сезоната. Сите во тимот со него одлично се сложуваме, неговото тактичко и фудбалско знаење е на високо ниво и во краток период покажа дека си ја знае работата“, изјави Левандовски.
Се шпекулира дека доколку Флик остане негов помошник може да биде Мирослав Клосе.