Дома Фудбал Германија И на 35 години е еден од најдобрите, Рибери потпиша нов договор со Баерн

И на 35 години е еден од најдобрите, Рибери потпиша нов договор со Баерн

ribery

Иако има 35 години Франк Рибери и понатаму е еден од најважните играчи на германскиот гигант Баерн Минхен.

Французинот Франк Рибери стави потпис на нов договор со Баерн според кој би требало да остане во клубот најмалку уште една година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дека Рибери се уште може да игра фудбал на највисоко ниво се забележа во натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, каде што веројатно беше најдобар поединец во својот тим.

Баерн на Рибери му понуди нов договор на уште една година, односно до крајот на сезоната 2018/2019, понуда која Рибери ја прифати.

Рибери во Баерн пристигна уште во 2007 година од Олимпик Марсеј и до овој момент одигра 385 натпревар за Баерн и постигна 117 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…