Дома Фудбал Останато И најсилните имаат слаби точки: Буфон пред 15 години се борел со тешка депресија

И најсилните имаат слаби точки: Буфон пред 15 години се борел со тешка депресија

bufon

Aко бараме некој фудбалер во 21-век за кого би кажале дека нема ниту една слаба точка тогаш тоа е Џанлуџи Буфон.

Буфон е човек за кого тешко ќе најдете човек кој ќе каже дека не го почитува. Страшен е на теренот, но и надвор од него.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но дека и најсилните имаат слаби точки доказ е последното интервју на Буфон.

Пред 15 години се мачел со депресија…

„Пред 15 години во текот на неколку се за мене престана да има смисла. Се чуствував како никој да не е заинтересиран за мене, туку само за шампионот кој го претставувам. Сите прашуваа за Буфон, но никој за Џиџи“.

„Беше тоа тешко време за мене. Имав 25 години и бев на врвот од својата кариера. Одеднаш пред еден натпревар на Јувентус отидов кај тренерот на голманите и му кажав дека не сум спремен да бранам. Добив напад на паника. Едноставно бев неспособен да го одиграм тој натпревар“.

„Доколку не го споделев тоа со другите, кој знае кога таа конфузија ќе излезеше од мојата глав. Бев свесен дека морам да се борам со слабостите кои ги имам. Никогаш не се плашев да ги изнесам емоциите или да заплачам. Тоа се работи од кои човек не треба да се срами“, откри Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…