Дома Трансфер зона И Милан го сака Игуаин

И Милан го сака Игуаин

Гонзало Игуаин ова лето готово сигурно ќе го напушти Јувентус после пристигнувањето на Кристиано Роналдо, а фаворит за неговиот потпис е Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, денешното издание на „Кориере дело Спорт“ пренесува дека и Милан се вклучил во битката за потписот на Игуаин.

Новите сопственици на Милан, инвестицискиот фонд „Елиот“ од следната недела ќе почнат и официјално да оперираат со клубот и сакаат значително да го засилат тимот за следната сезона.

Наводно „росонерите“ веќе спремиле 60 милиони евра за нов напаѓач, а дел од тие средства ќе бидат финансирани од продажбата на Никола Калиниќ и Карлос Бака.

Весникот тврди дека првата желба е Гонзало Игуаин, а доколку Аргентинецот се пресели во Челзи, тогаш „росонерите“ ќе се насочат кон Алваро Мората.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…