Селекторот на Косово, Бернард Шаландес денес одржа прес-конференција во пресрет на гостувањето во Скопје за плеј-офот за пласман на ЕП.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Ведат Муричи се тврдеше дека сигурно нема да може да игра во Скопје сепак тој се најде на списокот. Меѓутоа и покрај тоа што е на списокот селекторот Шаландес е песимист.
„Ќе видиме како ќе биде утре. Ќе му бидат направени нови тестови, а потоа и во комуникација со медицинскиот тим на Лацио ќе одлучиме дали ќе игра и колкав е напредокот. Ќе кажам дека сум песимист за можноста да биде спремен за натпреварот против Македонија“, изјави Шаландес.
Ние имаме проблем што Елмас нема да игра, но и Косово исто така е во проблем, можеби и поголеми од нашите затоа што покрај Муричи кој е неизвесен сигурно нема да игра Рашица и Хекуран Круезиу од Цирих.