Дома Топ вести И Кејлор Навас повеќе играше од него, ретко кој играч одиграл лош натпревар како Вајналдум

И Кејлор Навас повеќе играше од него, ретко кој играч одиграл лош натпревар како Вајналдум

ПСЖ вчера доживеа пораз на гости кај Ница од 1:0, лидерот во Лига 1 одигра лош натпревар па Ница заслужено ги освои трите бода.

Еден од фудбалерите кој доби најмногу критики е Џроџино Вајналдум, летното засилување од Ливерпул. Холанѓанецот доби шанса од првата минута, но не ја оправда довербата од Покетино, напротив ја имаше една од најлошите статистики во последно време од било кој играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вајналдум имаше само 28 допири со топката, најмалку на теренот и дури осум помалку од голманот на ПСЖ, Кејлор Навас. Вајналдум беше во контакт со топката само девет пати во првото полувреме, што е навистина поразително за него. И во тој период Навас беше подобар од него, бидејќи во првото полувреме имаше 19 допири со топката.

Ќе потсетиме Вајналдум летото како слбооден играч се пресели во Париз од Ливерпул, но после слабите настапи се најавува негово заминување после само една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ужас: Родители се степале на детски фудбалски турнир, 11-годишно момче се здобило со повреди на главата

Наместо да го промовира детскиот спорт, фудбалскиот турнир во Златибор се претвори во инци…