Денес последниот натпревар во дресот на Јувентус го одигра легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон.
Буфон во Јувентус помина цели 17 години, а во моментот кога заминува добива пораки од бројни поранешни и сегашни фудбалери. Еден од фудбалерите кој најдолго ја делеше соблекувалната и во репрезентацијата и во клубот сигурно е Алесандро Дел Пиеро од кого Буфон ја наследи капитенската лента во Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дел Пиеро денес на својот Инстаграм профил испрати порака до својот поранешен соиграч:
„Денес е твој ден, Џиџи“.
„Ден кога сите на стадионот со солзи те поздравуваа за последен пат. Подигна уште еден трофеј во блескавата кариера и чест ми е што имав привилегија да бидам заедно со тебе половина живот. Секогаш беше неверојатен и таков остана.Те оставив со првиот трофеј во низата, а ти денес го освои седмиот. Седум титули во низа: Тоа е ЛУДО!“
„Знаете, сепак оваа приказна која „завршува“ денес никогаш нема да заврши. Тоа е приказна која што те обликува и пример за многумина, приказна која е полна со емоции и успеси. Тоа е приказна која никогаш нема да исчезне“.
„Се најдобро, Џиџи! Ти го заслужуваш тоа“, стои во пораката на Алесандро Дел Пиеро.