Изгледа сениор и јуниор се спремни на се…
Шпанските и британските медиуми тврдат дека Нејмар му порачал на Нејмар да побрза и дека е спремен во случај да не испратат понуда да се сврти кон Манчестер, односно двата градски ривали.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што се наведува на двата клуба од Манчестер не им е проблем да платат огромна сума за да го видат Бразилецот во своите редови.
До сега се шпекулираше дека не сака во Англија, но наводно неговата намера да го напушти ПСЖ е посилна.
Нејмар со Јунајтед се поврузваше и претходно иако реално тешко е да се верува дека „ѓаволите“ би се одлучило да го доведат, додека кога во прашање е Манчестер Сити тука главниот збор го има Пеп Гвардиола.
Се пишува дека доколку Манчестер Сити се ослободи од Давид Силва и Агуеро, Нејмар станува реална опција.
Сега дали Нејмар на овој начин сака само да го зголеми притисокот на Реал или навистина го променил мислењето и би заиграл во Премиер лигата ќе видиме во наредните месеци, иако од Париз и понатаму пристигнуваат пораки дека Нејмар не оди никаде.