После Јирген Клоп и Пеп Гвардиола испрати критики до УЕФА за новиот формат од Лигата на шампионите.
Фудбалската јавност е воодушевена од тоа што УЕФА успеа да ја запре Суперлигата. Така во тие денови некако во сенка падна новиот формат кој УЕФА го потврди од 2024 година. Според тој формат клубовите ќе играат повеќе натпревари, а тоа е она што не им се допаѓа на фудбалерите и тренерите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Исто е секогаш. Фудбалерите и тренерите бараат квалитет, фудбалскиот свет сака квантитет. Никој нас не не прашува. Може да ги прашаме ФИФА и УЕФА дали може да ни ја продолжат годината, место 365 дена да имаме 400?“, саркастичен беше Пеп па продолжи:
„Фудбалот е бизнис и тоа е јасно. Но, мој бизнис е да го играме најдобриот фудбал кој можеме, да размислувам играчите да бидат одморни. Ние само зборуваме, но никој не сака да го слушне тоа што го кажуваме. Премиер лига, УЕФА, ФИФА…ако тие кажат да се игра 10 натпревари, ќе има 10 натпревари. За нив шоуто мора да продолжи“, заврши Гвардиола.