Дома Останати Ракомет И Борко со порака за Томас: Стави маска на лав и држи се!

И Борко со порака за Томас: Стави маска на лав и држи се!

После Кире Лазаров и Борко Ристовски испрати порака на поддршка од Виктор Томас, легендата на каталонскиот гигант вчера објави дека поради проблеми со срцето е приморан да стави крај на кариерата.

Ристовски со Томас беше соиграч две години додека бранеше голот на Барселона.

„Задоволство беше да се дели соблекувалната со тебе. Бевме заедно две години, но имам чувство како да те знам цел живот. Многу здравје, среќа и љубов до твоето семејство.

П.С: Не заборавај да ставиш маска на лав и држи се! Се гледаме“’, стои во објавата на Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Мартин Томовски имаше одлична голманска партија, но не успеа да го спречи поразот на Битиг…