Дома Фудбал И Алегри е на списокот на Манчестер Јунајтед

И Алегри е на списокот на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри од следната сезона би можел да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

После отказот на Мурињо раководството како привремено решение го назчани Солскјер за нов тренер, но на лето ќе бара етаблирано тренерско име.

Како што пренесуваат англиските медиуми најголема желба на „црвените ѓаволи“ е Маурисио Покетино, а веднаш после него доаѓа Макс Алегри.

Англиските медиуми пренесуваат дека Алегри е спремен да ја промени средината и е заинтригиран од идејата да работи во Премиер лигата.

Ова лето Алегри доби понуда од Реал Мадрид, но реши да остане во Торино и да се обиде да ја освои Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…