Во репрезентацијата на Нигерија можат да здивнат. Иако повредата која ја здоби Ихеаначо пред пријателскиот натпревар против Србија на прв поглед делуваше сериозно, прегледите го докажаа обратното.
Напаѓачот на Лестер Сити се здоби со повреда на зглобот, а прегледите покажаа дека опоравувањето ќе трае десет дена, што значи дека неговиот настап на СП не е под знак прашање.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа го потврдија и од таборот на премиерлигашот, но нема да брзаат со враќање на теренот.
Да потсетиме, Ихеаначо е член на Лестер од август минатата година кога пристигна од Манчестер Сити. Оваа сезона одигра 15 натпревари во првенството и постигна еден гол и две асистенции.