Дома Фудбал Репрезентации „Италија има психолошки проблем по елиминацијата од Македонија, но овие момци заслужија награда“

„Италија има психолошки проблем по елиминацијата од Македонија, но овие момци заслужија награда“

Легендарниот и славен италијански фудбалер Роберто Баџо не може да се помири со фактот што Италија како европски шампион нема да има место на Мундијалот во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ќе потсетиме, главен „виновник“ што Италијаците нема да играат во Катар е Македонија бидејќи ги победивме во баражот во Палермо.

„Секој може да изгуби еден натпревар против било кого, секој може да има лош ден, но овие момци заслужуваат еден вид награда за се што постигнаа“.

Сепак, на Италија не и се случи еден лош натпревар, туку тоа беше серија која кулминираше со елиминацијата од баражот. Дека Италија е во проблем се забележа и во дуелот за „Финалисима“ трофејот против Аргентина.

„Мислам дека Италија имаше тежок психолошки удар по елиминацијата во баражот. Се виде и тоа против Аргентна, едноставно ја немаат претходнат смиреност и самодоерба“, истакна легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Што мислеше, човек?! Неверојатната грешка на голманот Муслера го чинеше Уругвај победа

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови продолжува со пишување на најубавите с…