Дома Трансфер зона Италијанците тврдат: Јувентус одредил цена за Де Лихт – кој сака, нека повели!

Италијанците тврдат: Јувентус одредил цена за Де Лихт – кој сака, нека повели!

Матијас Де Лихт минатото лето дојде во Јувентус, меѓутоа италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус е спремен и да го продаде меѓута само за цена која тие ќе ја одредат.

Де Лихт во Торино дојде од Ајакс и се смета за едно од најголемите засилувања на европските клубови. Иако на почетокот имаше проблеми сепак потоа се прилагоди, Де Лихт ужива голема доверба кај стручниот штаб на „старата дама“, но и целата управа на клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Медиумите во изминатите денови шпекулираа и името на Де Лихт го поврзуваа со Реал Мадрид.

Сега пристигнува вест деја Јувентус може да го продаде Де Лихт, но цената ќе биде 150 милиони евра и ништо подоле. Се потенцира дека во Јувентус кога е Де Лихт во прашање не ги интересира некаков друг вид на договор, туку само пари.

Јасно е дека во летото кое следи поради пандемијата од коронавирусот тешко ќе видиме трансфер за астрономска сума, па веројатно ова значи и дека Де Лихт сигурно ќе остане во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…