Репрезентацијата на Италија вчера славеше во рамките од Лигата на Нации против Унгарија со 2:1.
„Аѕурите“ како што пренесуваат италијанските медиуми одиграле одлично и борбено, а во оваа ситуација се потсетија на елиминацијата од Македонија на 24. март во баражот за СП. Во текстот на „Тутоспорт“ тие се прашуваат – каде беше оваа Италија на 24 март?
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Каде беше оваа желба за победа, овој сјај, ваквата игра…Кога Македонија не исфрли од Светското првенство? Не одиме на Светското првенство затоа што во групата ремизиравме со Бугарија и Северна Ирска, а потоа Македонија не победи во баражот. Ниту една од овие три селекции не беше подобра од Унгарија вчера. „Младата“ Италија на Манчини покажа страст и желба за победа. Во селекцијата ја имаше таа посветеност која недостасуваше во споменатите три натпревари“, се наведува во текстот на познатиот италијански медиум.
Ќе потсетиме за Италијанците ова е второ Светско првенство во низа на кое нема да настапат, претходното во Русија го пропуштија откако во баражот ги победи Шведска.