Дома Фудбал Италијанците дозволија полн капацитет на баражот во Палермо, но маската останува задолжителна

Италијанците дозволија полн капацитет на баражот во Палермо, но маската останува задолжителна

Италијанците веќе потврдија дека натпреварот од баражот во Палермо ќе се игра полн капацитет, а тоа ќе биде прв натпревар од почетокот на пандемијата во 2020 година кој ќе може да се игра пред полни трибин иво Италија.

Меѓутоа сепак Италијанците и понатаму се претпазливи, па иако е дозволен полн капацитет сепак маските ќе бидат задолжителни.

„Маската FFP2 ќе биде задолжителна до 30. април за сите спортски натпревари на отворено и затворено“, порачаа од Министерството за здравство.

На трибините во Палермо ќе има околу 36.000 гледачи, а Македонија доби можност за околу 1.300 фанови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредфорд се потсети на 2013: Со 2-0 до четвртфиналето во Лига купот!

Гилеспи и Филипс го решија Питерборо, а Бредфорд првпат по походот до „Вембли“ во 2013 год…