Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Рома покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Бешикташ, Андерсон Талиска.
Талиска настапува во редовите на Бешикташ како позајмен фудбакер од Бенфика, но турскиот клуб ќе има можност да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната за 21 милион евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите пренесуваат дека Бешикташ сигурно ќе ја искористи таа опција бидејќи вредноста на Талиска во моментов е многу поголема и ќе може да заработи од неговата продажба.
Офанзивниот играч за врска, кој може да игра и како крилен напаѓач, игра фантастична сезона во Бешикташ, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Милан и Рома наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент, но ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Талиска интерес покажуваат уште Ливерпул, Евертон и Манчестер Јунајтед.
Цената на Талиска моментално изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра, па големи се шансите од следната сезона да го гледаме во Серија А или Премиер лигата.