Дома Трансфер зона Италијанско дерби за Турам

Италијанско дерби за Турам

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Интер ќе водат битка за потписот на францускиот напаѓач, Маркус Турам.

24-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам потврди дека нема намера да го продолжува и сака да направи чекор напред во кариерата.

Миланските клубови имале средба со неговиот агент и ќе се обидат да ја победат конкуренцијата бидејќи сакаат да го доведат напаѓачот без обештетување.

Турам е отворен за преселба во Италија, па останува да видиме каков ќе биде неговиот избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…