Дома Трансфер зона Италијанско дерби за потписот на Марсело

Италијанско дерби за потписот на Марсело

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело на крајот на сезоната ќе го напушти „кралскиот“ клуб, пренесува „Дон Балон“.

Истиот извор наведува дека Бразилецот веќе донел одлука и избрал кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За неговиот потпис се силно заинтересирани Јувентус и Интер, а Марсело веќе донел одлука да го напушти Реал Мадрид.

32-годишниот Марсело има уште две години од договорот со „кралевите“, но Реал нема да му стои на патот и ќе го пушти да се пресели во Серија А.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис поради одличните односи кои Бразилецот ги има со Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…