Италијанските гиганти Интер и Јувентус се силно заинтересирани за играчот на Челзи, Нголо Канте.
31-годишниот Французин влезе во последната година од договорот со Челзи и нема најави за негово продолжување, па на лето ќе биде слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неколку европски гиганти веќе ја почнаа трката за неговиот потпис, а италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите да се пресели во Серија А.
Интер и Јувентус веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му нудат 3-годишен договор, а сакаат да го доведат бесплатно на лето.
Останува да видиме каков ќе биде изборот на Канте за кого итерес покажуваат уште Барселона и Тотенхем.