Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан, Интер и Јувентус ќе водат голема битка за младиот напаѓач, Моис Кин.
Моис Кин не се снајде најдобро во Евертон, па оваа сезона е на позајмица во ПСЖ, каде игра фантастично и во целост го покажа својот талент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Светците“ немаат опција да го откупат на крајот на сезоната, па веќе започна битката за неговиот потпис.
Најголемите италијански клубови сакаат да го вратат напаѓачот во Серија А и веќе стапиле во контакт со неговиот агент Мино Раиола.
Евертон е спремен да го продаде, но за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која е спремен да ја плати и ПСЖ.
Моис Кин сигурно ќе биде жешка трансфер тема ова лето.