Дома Топ вести Италијанец е прв фаворит за наследник на Чави

Италијанец е прв фаворит за наследник на Чави

Чави Ернандез нема да биде тренер на Барселона од следната сезона, па веќе започнаа шпекулациите за тоа кој може да го наследи.

Играчката легенда на Каталонците нема да го одработи докрај договорот кој му истекуваше во 2025 година и потвтрди дека на крајот на сезоната заминува.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 „На 30 јуни повеќе нема да бидам тренер на Барселона“, изјави Чави и даде до знаење дека спогодбено ќе се разделис со клубот без разлика на договот.

Веќе на големо се шпекулира за неговиот наследник на клупата. Иако имаше првични информации дека тоа може да биде Луис Енрике, сепак најголема желба на раководството е Роберто де Зерби.

Италијанецот е хит во Премиер лигата и врши одлична работа со Брајтон и е најблизок до стилот кој го негува Гвардиола.

Во Барселона веруваат дека тој идеално ќе се вклопи во нивната филозофија и наскоро ќе стапат во контакт со Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…