Ал Хилал и Ал Наср синоќа одиграа пријателски натпревар кој го одбележа скандалозното однесување на Кристијано Роналдо.
Португалецот ја покажа својата темна страна, а се започна кога ги слушна навивачите на Ал Хилал како го скандираат името на Лионел Меси, а тој реши да им одговори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ал Хилал го доби овој натпревар со 2:0 со головите на Милинковиќ-Савиќ и Ал Даусари, но фудбалот за жал падна во втор план поради срамното однесување на Кристијано Роналдо, со кое Португалецот го шокираше фудбалскиот свет.
Сето тоа кулминираше додека тој го напушташе теренот кога навивачите на Ал Хилал пред него фрлија дрес од тој клуб, а тој го зеде и со него си ги избриша гениталиите, што беше навистина скандалозно.
Роналдо целосно ги загуби нервите на синоќешниот дуел, што е навистина ретко кога е во прашање еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Сепак, јасно е кога се започнало и што било причината Роналдо целосно да полуди и да почне да се однесува срамно.
Имено, за време на натпреварот навивачите на Ал Хилал скандираа „Меси, Меси“ и тоа одекна низ стадионот. Роналдо со години ги доживува овие работи и ретко реагираше, но сега очигледно не можеше да се контролира.
Роналдо ги слушнал противничките навивачи како го скандираат името на неговиот најголем ривал и решил да им одговори.
„Јас сум тука, не Меси“, се слушна како Роналдо им се обраќа на навивачите на Ал Хилал кои продолжија да го скандираат името на аргентинскиот репрезентативец.
Ronaldo to the Al Hilal fans as they chanted Messi’s name🗣️: “I am here… not Messi.”
— FCB Albiceleste (@FCBAlbiceleste) February 8, 2024
Most insecure🤣😂😭
pic.twitter.com/R3XYXPiBhU