Дома Фудбал Истрагата заврши: Донесена конечна пресуда за Ибрахимовиќ и Лукаку

Истрагата заврши: Донесена конечна пресуда за Ибрахимовиќ и Лукаку

ФС Италија ја заврши истрагата против Залтан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку која беше започната после инцидентот во Купот на Италија.

Ибрахимовиќ и Лукаку ги дознаа пресудите, а клубовите можат да воздивнат затоа што нема да добијат суспензии.

„Скај Спорт“ пренесува дека двајцата напаѓачи се обвинети за неспортско однесување поради што ги очекува парична казна како што и наложува правилникот.

На крајот Ибрахимовиќ не е обвинет за расизам иако постоеше можност и на тоа инсистираше Лукаку.

Кога се во прашање клубовите, Милан и Интер се обвинети да сносат објективна одговорност за однесувањето на играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…