Дома Фудбал Останато Исповед на Фелипе Луис: Симеоне нема срце, Мурињо ме измами, брат ми е коцкар

Исповед на Фелипе Луис: Симеоне нема срце, Мурињо ме измами, брат ми е коцкар

Ретки се фудбалерите кои зборуваат отворено на сите теми, посебно оние кои играат на највисоко ниво и секогаш се во центарот на вниманието.

Фелипе Луис пред пет години беше можеби најдобриот лев бек заедно со Марсело. Беше тоа во време кога го носеше дресот на Атлењтико, а добрите игри му донесоа трансфер во Челзи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Бразилецот за Диего Симеоне изјави дека е тренер без срце, но и единствен човек во фудбалот кој може да го извлече најдоброто од него.

„Не е лесно да се игра за Симеоне. Тој нема срце. Никогаш нема да каже: Кутар мој играч, би требало да променам нешто. Никогаш не губи време. Никогаш не сме се забавувале на тренинг. Во декември бев просечен бек, а во јануари најдобар на светот. Тој е единствен кој може да го изввлече најдоброто од мене“.

Раскажа и дека се чувствува изневерен од Мурињо.

„Тогаш се чувствував изневерен. Не сакав да работам со Мурињо уште една година. Но кој може да го обвини него, победивме во финалето и освоивме медал“, изјави Луис.

Откри и дека има семеен проблем кој се обидува да го реши

„Мојот брат има проблем со коцкањето, губи многу пари“, призна Луис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола конечно ја откри вистината за гребаниците: Пијам лекови

Менаџерот на Манчестер Сити на прес-конференција во пресрет на дербито со Манчестер Јунајт…