Шпанецот Иско во последните моменти од преодниот рок беше блиску до трансфер во Унион Берлин, дури и пристигна на прегледи во овој клуб, но на крајот трансферот не се реализираше.
Двете страни се обвинуваа дека ги промениле барањата во преговорите во последен момент. Сега тој е слободен агент и може да потпише договор со било кој клуб иако не е отворен преодниот рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ситуацијата со Иско ќе се обиде да ја искористи Евертон и да го доведе во своите редови. Во Иско Евертон гледа замена за Ентони Гордон кој за 40 милиони евра направи трансфер во Њукасл.
Ќе потсетиме, Евертон неодамна како наследник на Лампард го промовираше Шон Дајч на клупата.