Дома Фудбал Иско: Договорот наскоро ќе биде завршен

Иско: Договорот наскоро ќе биде завршен

Стрелецот на вториот погодок на Реал Мадрид во рамки на синоќешниот Суперкуп, Иско истакна во разговор за Марка дека наскоро ќе го продолжи договорот со кралскиот клуб.

Иско е избран за МВП на мечот во дуелот против Манчестер Јунајтед, а важечкиот договор му истекува следното лето, што значи дека Мадриѓаните ќе мораат брзо да реагираат.

Иско е во еуфорија по триумфот над „Ѓаволите“ потврди дека има желба да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

„Не е момент кога треба да зборуваме за тоа, сега трееба да славиме. Ќе биде тоа готово наскоро, многу сме блиску до договор“, истакна Иско.

Овој играч за врска во Реал стигна во јули 2013. година од Малага и е платен 30 милиони евра.

Засега информациите кои се појавија во врска со продолжувањето на договорот на Иско велат дека би можел да потпише нов договор до летото 2022. година и дека годишното салдо ќе му изнесува 6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…